logo
logo
logo

НОВИ 60.000 ЛИТРИ ВОДА ЗА ГОСТИВАР

Vecer | 20.07.2026

НОВИ 60.000 ЛИТРИ ВОДА ЗА ГОСТИВАР

Владата продолжува со конкретни активности за справување со состојбата со водоснабдувањето во Гостивар. Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Општина Велес, соопшти дека Владата денеска ќе испорача дополнителни 60.000 литри вода за пиење за граѓаните на Гостивар.

Мицкоски нагласи дека водоснабдувањето е во надлежност на локалната самоуправа, но дека Владата не дозволила граѓаните да останат без поддршка и активно се вклучила во надминување на кризата.

Според премиерот, од денеска локалното јавно претпријатие треба да започне со процесот на прочистување на водоводниот систем, со цел во првата фаза водата повторно да може да се користи за технички потреби и за одржување на личната хигиена, а потоа и целосно да се нормализира состојбата. Локалното ЈП Водовод треба да започне со чистење на системот, хлорирање и во рок од ден, два или три да можат граѓаните да ја користат водата за техничка потреба.

Мицкоски истакна дека институциите ќе продолжат внимателно да ја следат ситуацијата и ќе преземаат мерки сè додека кризата не биде целосно надмината.

Осврнувајќи се на одговорноста за настанатата состојба, премиерот порача дека морална одговорност треба да понесат сите, од прв до последен, во локалната власт во Гостивар.

– За кривичната одговорност ќе одлучува Обвинителството, тоа е работа на надлежните институции – истакна Мицкоски.

Со испораката на нови количини вода и со активностите за прочистување на водоводниот систем, Владата продолжува со мерките за обезбедување помош за граѓаните и за што побрзо нормализирање на состојбата во Гостивар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk