logo
logo
logo

НОВИТЕ КОМУНАЛНИ ВОЗИЛА предадени на Град Скопје

Vecer | 08.10.2026

НОВИТЕ КОМУНАЛНИ ВОЗИЛА предадени на Град Скопје

Специјализираните возила наменети за ЈП „Комунална хигиена“ веќе се предадени на Град Скопје, а по завршувањето на правните процедури во наредните денови треба да бидат ставени во функција, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски најави и дека до крајот на неделава треба да пристигне првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери, што, според него, е најголемата досегашна набавка.

– Чистиот град значи здравје, достоинство и подобар живот за сите. Затоа, секој од нас има одговорност да го чува. Нашата работа нека биде поттик за поголема грижа, а секоја чиста улица обврска таква и да остане – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот оцени дека Скопје предолго трпело поради, како што наведе, неодговорноста и неажурноста на претходните градски власти.

– На таа запуштеност ѝ ставаме крај со работа и конкретни дела. Со силна волја, макотрпна работа и заедничка одговорност, Скопје повторно ќе биде горд град, порача Ѓорѓиевски.

Новите возила и контејнерите се дел од најавите на градската власт за подобрување на состојбата со одржувањето на јавната чистота во Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk