logo
logo
logo

Меѓународен ден на белиот стап

Белиот стап ни помага, но треба да има и пристапен град

Vecer | 15.10.2026

Белиот стап ни помага, но треба да има и пристапен град

15 октомври е ден во светот посветен за одбележување на белиот стап, со порака за подобра инклузивност и еднаков третман како и останатите луѓе.

- Јас сум Симона Јовеска, потребни се повеќе тактилни патеки. како и звучни семафори, но и да имаме подобар пристап до јавниот превоз.

По повод овој ден во Јавната установа Градската библиотека „Браќа Миладиновци” Скопје се одржа итерактивна дискусија со присуство на ученици и средношколци за зголемување на свеста кон оваа категорија граѓани, порача директорката на библиотеката Анета Механджијска.

- Денеска ја организираме оваа инклузивна и едукативна работилница заедно со средното училиште „Димитар Влахов“, на која ќе присуствуваат и ученици од основното училиште „Коле Неделковски“, за да ја зголемиме самата свест кон јавноста што значи самостојното движење на лицата со оштетен вид низ денешново време и за поголема мобилност на истите. Во библиотеката имаме и катче за лица со оштетен вид, исто така благодарение на Град Скопје имаме и нивна донација на книги со Брајово писмо, исто така и ние самите купуваме, односно Министерството за култура ни дава средства за купување на истите книги кои се изработуваат на Брајово писмо, рече Механджијска.

Не треба да се посветува само еден ден во годината неопходна континуирана меѓусебна подршка како и овие луѓе би можеле да си го олеснат животот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk