logo
logo
logo

Латас: Мицкоски докажа дека е играч за големи утакмици

Vecer | 18.02.2025

Латас: Мицкоски докажа дека е играч за големи утакмици

Новинарот Драган Павловиќ Латас, на гостување во Само вистина на ТВ Канал 5, одговараше на прашањето кои се можните ефекти на посетата и настапот со свои теми и изјави на премерот Мицкоски на безбедносната конференција во Минхен, особено за изјавите за балканизација на Европа наместо европеизација на Балканот, како и за бугарското вето преку ЕУ со кое се кршат стандардите за општите преговори со ЕУ и кога сите зборуваат за заштита на идентитетот во Украина а за македонскиот идентитет - молчат.

- Мицковски во Минхен покажа дека е играч за големи утакмици. Може и да погреши нешто на малите но, на големите знае да одигра пар екселанс, изјави Латас, и продолжи:

Зошто? Како ретко кога тој пред себе доби публика и луѓе што одлучуваат што на Македонија може да и се случи еднаш во десет години и тој таа прилика ја искористи максимално.

Неговите две изјави се давање на два гола на светски шампионат, пред светската сцена и тоа го слушаа сите битни новинари, сите важни глобални медиуми како и сите битни политичари во светот кои немаат изворни информации за Македонија бидејќи таа е мала и небитна за нив, а за нас најбитна.

Прв пат се случи да немаме некој што само и се умилкува на Европската унија... Германскиот премиер Шолц овде правеше изборна пропаганда за СДСМ и ДУИ, како за Димитар Ковачевски така и за Зоран Заев – гласајте за нив, што е најголемо мешање во внатрешните работи кое може да се случи, а пред три дена ја гледаме неговата изјава дека со критиките на демократијата на ЕУ и Германија (американскиот потпретседател) Венс се мешал во германските избори кои се следната недела.

Пошироката европска јавност не е заинтересирана за Македонија, и таа не донесува одлуки туку донесуваат шефовите. Сега, за прв пат, тие шефови слушнаа изворно што се случува во Македонија, што е причина, што е проблем и што е последица.

Прв пат, затоа што е вообичаено за малите држави некој друг известувач нив да ги известува и тие добиваат од трета или пета рака информации за Македонија.

Мицковски ја искористи приликата, најдобро што може, да им го соопшти тоа на тие што одлучуваат, да им го соопшти на медиумите кои ја формираат јавно мислење во Германија и пошироко, и тоа е таа игра на големи утакмици.

И кога беше прогласувањето на Трамп ја искористи исто така и таа прилика.

Кога ќе дојде некој државник од мала земја како Македонија имате страшно голем проблем да дојдете воопшто во фокусот на политичарите, на камерите, затоа што таму има поважни теми.

Мицковски таму го изнесе и тоа што е најважно: оставете Македонија да ги решава своите проблеми како што ги решаваат и европските земји, и како што вие сакате да ги решавате за вас.

1. дел од емисијата

2. дел од емисијата

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk