Шеснаесетгодишно момче од скопското село Кондово почина откако му се слошило за време на посета кај роднини во селото Сингелиќ. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека малолетникот во бессознание бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што лекарите констатирале смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.
Според полициските информации, на 25 јули во 16:22 часот во СВР Скопје било пријавено од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ дека кај нив во бессознание бил донесен 16-годишник, кој кратко време подоцна починал. Според пријавеното, момчето било во посета кај роднини заедно со неговата мајка, кога во еден момент му се слошило и паднало во бессознание. По итниот транспорт во болница, лекарите не успеале да му го спасат животот.
Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта. Надлежните институции работат на целосно расчистување на случајот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата