БИЗНИС, ТРГОВИЈА И ТУРИЗАМ: Што носи новиот автопат Скопје – Блаце?

Vecer | 07.07.2026

БИЗНИС, ТРГОВИЈА И ТУРИЗАМ: Што носи новиот автопат Скопје – Блаце?
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Автопатот Скопје – Блаце е дел од стратешката визија Македонија да стане клучна транспортна крстосница на Балканот, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, откако државата го потпиша Договорот за грант од 30,8 милиони евра со ЕБОР за изградба на оваа важна делница.

‒ Без разлика што немаме излез на море, на овој начин државата може да стане стратешки најважна точка на Балканот, преку која ќе се вкрстуваат бизнисот, трговијата, туризмот и економската размена, вели Николоски.

Тој потенцира дека автопатот Скопје – Блаце, кој е во должина од 10,5 км, претставува инженерски предизвик, каде на трасата ќе се изградат околу четириесетина објекти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk