logo
logo
logo

ПРЕКУ БРВЕНИЦА АХМЕТИ СЕ ОБИДУВА ДА СЕ ВРАТИ НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА

Vecer | 21.10.2026

ПРЕКУ БРВЕНИЦА АХМЕТИ СЕ ОБИДУВА ДА СЕ ВРАТИ НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА

Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата ,,Само вистина” на Канал 5 телевизија се осврна на темата за изборите во Брвеница, за што кажа дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо води во првиот круг со кандидатот Стојанчо Радичевски, а наспроти него во вториот круг е и кандидатот на ДУИ, за кој тој смета дека е само „асет“ на претседателот на таа партија во обид да се врати повторно на политичката сцена.

– Моментално има двајца кандидати во Брвеница кои што продолжуваат во вториот круг. Првиот е човек којшто е од Брвеница и за Брвеница. Човек којшто смета дека Брвеница треба да има проект повеќе, треба да има се она што значи градинки, училишта, канализација и подобар живот на сите коишто живеат во Брвеница, независно од верската и националната припадност – истакна Пренџов.

Според него, кандидатот на ДУИ е само уште една алатка за лидерот на партијата да се врати на политичката сцена, но смета дека на сите им е јасно дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот избор.

– И вториот е кандидат односно „асет“ на Али Ахмети и на ДУИ, човек којшто е таму само за да помогне да веќе излезениот од игра Али Ахмети да се врати повторно на политичката сцена. И мислам дека на граѓаните им е јасно, независно дали се Албанци дали се Македонци, дали се гласачи на СДСМ или не се, дека господинот Радичевски е оној, којшто се бори за Брвеница да биде подобро место за живеење, и тоа е суштината зошто препознаа дека него треба да му ја дадат довербата – вели Пренџов.

Тој посочи дека во јавноста се забележуваат, како што кажа, разни математики во однос на изборите, но самиот не сака да ги коментира, туку фокусот да биде на тоа како може општината да се движи напред и да се развива.

– Не сметам дека е успех за којшто треба некој да добие аплауз, затоа што ако во Скопје сте биле петта партија, во Брвеница сте четврта политичка партија. Мислам дека тоа не е некој успех за СДСМ, но тие си знаат. Мислам дека во Брвеница разговараме како Брвеница да оди напред, како да продолжи да се развива, а единствениот кандидат е господинот Радичевски наспроти асетот на Али Ахмети и на ДУИ. Него не му е до Брвеница, него му е до високата политика, како шефот Али Ахмети повторно да го врати во игра на македонската политичка сцена – рече Пренџов и додаде:

– Клучната работа за изборите е да, сите оние коишто ѝ мислат добро на Брвеница, пред сѐ оние што живеат во Брвеница, независно од етничката припадност, полот, верската припадност, застанат позади господинот Радичевски, со цел Брвеница да продолжи да се развива. Али Ахмети е еден ретрограден политичар, еден човек којшто доколку нѐ скара помеѓу себе граѓани на основи коишто се одамна надминати, тој нема што да каже во политиката – рече Пренџов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk