logo
logo
logo

Анкета

ВМРО-ДПМНЕ со 22,1% ВОДИ ПРЕД СДСМ со 15,7% - Граѓаните ПРОТИВ францускиот предлог

Vecer | 07.07.2022

ВМРО-ДПМНЕ со 22,1% ВОДИ ПРЕД СДСМ со 15,7% - Граѓаните ПРОТИВ францускиот предлог

Доколку следната недела се одржат парламентарни избори, победник на истите ќе биде ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го покажуваат резултатите на најновата анкета спроведена од   Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС).

Според анкетата за ВМРО-ДПМНЕ се одлучиле 22,1% од граѓаните, додека за СДСМ 15,7%, што е голема предност. Трет избор кај граѓаните е ДУИ со 7,5% потоа следуваат Алијанса за Албанците со 4,1% и Левица со 3,1%.

Дури 72,80 проценти од етничките Македонци и 56 отсто од вкупниот број на испитаници, НЕ би прифатиле почеток на преговори со ЕУ, по цена Македонија да се согласи со „францускиот предлог“.

Анкетата е спроведена телефонски во периодот помеѓу 4 и 6 јули 2022 на 1114 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.

Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии, како и за одредени актуелни прашања во моментот.

- Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата, велат од ИПИС.

Додаваат дека истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на партиите иактуелните настани. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk