68-годишен жител на радовишко Калаузлија е приведен под сомнение дека подметнал пожар во атарот на селото.
А.А. бил лишен од слобода вчера попладне, откако полицијата го сомничела дека околу 12:30 часот, на местото викано „Голема Река“, намерно предизвикал пожар.
Огнот зафатил нискостеблеста шума и сува трева, но бил локализиран и изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш. Во пожарот нема повредени лица.
Според полицијата, 68-годишникот во полициската станица го признал делото.
За случајот е известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот против А.А. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата