Со денови во Бугарија се случува помпезна еуфорија дека Грција им ги предала телесните останки, костурот, на македонскиот Цар Самоил. Но, нема ниту еден научен доказ дека предадениот скелет е од телото на македонскиот цар. Напротив, нема ни научен доказ кој преку ДНК анализа би го потврдил идентитетот, приказната се темели на претпоставки.
Цар Самоил не живеел на територијата на денешна Бугарија, туку неговите престолнини, резиденции и воено-политички центри се наоѓале во Македонија, главно околу Преспа и Охрид.
Но, заедничката македонско-бугарска историска комисија, формирана од власта на Зоран Заев, СДСМ/ДУИ, во 2022 година донесе препорака цар Самоил да се чествува заеднички како владетел кој го претставува континуитетот на бугарската царска традиција, но чиј државен центар бил во денешна Македонија. Тоа е само едно од серијата негации и уривање на македонската историја во времето на СДСМ и оставена како темпирана бомба за идната власт која се бори за сочувување на историјата, идентитетот и културата на Македонците.

Грчкиот професор и археолог Николаос Мукопулос открил четири саркофази во 1965 година за време на ископувањата во десниот брод на базиликата Свети Ахил на истоимениот остров во Малото Преспанско Езеро. Во еден од гробовите е пронајден скелет, за кој Мукопулос тврдел дека му припаѓа на царот Самоил.
Научната идентификација на Мукопулос и грчките експерти се базирала на претпоставки поради можно совпаѓање на историските извори и физичките карактеристики на скелетот:
• Повреда на раката: Скелетот имал специфична фрактура на левата подлактица која заздравила под агол од околу 140 степени. Ова го поврзале со византиските историски записи во кои се наведува дека Самоил бил сериозно ранет во раката за време на битката кај Сперхеј (997 година од н.е.).
• Возраст и траума: Анализата на коските покажа возраст што одговара на времето на смртта на Самоил (починал во 1014 година), како и траги што се во согласност со шокот и повредите што ги претрпел.

Иако бројни бугарски и грчки археолози и историчари сметаат дека археолошките, антрополошките и индиректни докази се целосно убедливи, ДНК анализата на коските никогаш не е спроведена. Затоа многумина критичари во научната заедница продолжуваат да нагласуваат дека идентитетот на остатоците технички се потпира на силна претпоставка и индиректни докази, а не на апсолутен генетски доказ.
Накусо, постојат само претпоставки но, не и научен доказ дека скелетот кој од Грција е предаден на Бугарија е од царот Самоил, а се друго е приказна во која некој може да верува некој не.
КАКО НАУЧНО СЕ УТВРДУВААТ ФАКТИ ЗА СКЕЛЕТ СТАР 1.000 ГОДИНИ

Во процес вршен оваа година во Велика Британија научно е анализиран скелет стар 1.000 години, Утврдено е дека се работи за човек кој преживеал сериозни повреди, достигнал многу старост за своето време и живеел во време кога Британија длабоко се менувала. Сè што останало зад него е скелет и необичен гроб што ја чувал тајната на неговиот живот со векови.
Сега, со помош на ДНК анализа на коските и најсовремена дигитална реконструкција, научниците успеале да ѕирнат во минатото и да создадат приближна слика за неговото лице. А она што го откриле е многу повеќе од тоа како изгледал, пишува британскиот печат.
Неговите коски зборуваат за човек со силна градба, бројни повреди и живот во турбулентно време. Неговата ДНК открива врски со континентална Европа, додека начинот на кој бил погребан остава уште понеобична загатка.
Кој бил овој човек? Зошто добил привилегиран погреб? И што ни кажуваат неговото лице, коските и предметите оставени во гробот за времето во кое живеел? По речиси 1.000 години, некои од одговорите почнале да излегуваат на виделина.
Остатоците од човекот познат како „Човекот-освојувач“ (Conquest Man) ги проучувале истражувачи од „Англиско наследство“ и „Херитиџ Англија“, користејќи комбинација од остеолошка анализа, ДНК и изотопски тестови, како и модерна технологија за дигитална реконструкција на лицето.
Резултатот е прилично необичен портрет на човек кој живеел во Британија во времето на норманското освојување.

Врз основа на анализата на неговите останки, се проценува дека човекот имал помеѓу 50 и 60 години, што за средновековниот период било доста старо. Бил висок нешто повеќе од 150 сантиметри, а истражувачите го опишале како крупен и мускулест.
Неговата ДНК откри уште еден интересен детаљ. Анализата покажува значителен удел на потекло од континентална Европа, што се вклопува во сложените миграциски движења што го придружувале периодот на норманското освојување.
Човекот бил погребан релативно привилегирано во црквата „Свети Петар“ во Бартон на Хамбер, во време кога црквата била поврзана со еден од витезите на Вилијам Освојувачот. Не бил положен директно во земја, туку неговото тело било поставено во дабов ковчег, направен од дрво исечено околу 1079 година.
Начинот на кој било положено телото открива и необични детали за погребните обичаи од тоа време. Рацете му биле прекрстени над телото, додека главата му била потпрена на перница направена од трева. За да ја држи главата во правилна положба, таа била фиксирана со две парчиња локална креда.
И потоа доаѓа можеби најинтересниот детаљ: до него се поставени три стапчиња направени од јаболково дрво, материјал кој имал посебно, речиси свето значење во скандинавската традиција.
Дигиталната реконструкција им овозможила на истражувачите да создадат приближна слика од неговото лице врз основа на неговите останки. Секако, реконструкцијата не може да го покаже секој детаљ од неговиот изглед со апсолутна сигурност. Претставува научно заснована проценка заснована на обликот на черепот, податоците за потеклото и другите достапни информации.
Дури ни ни со најсовремени методи и ДНК анализи Британците не откриле ни приближен идиентитет на скелетот во недостаток на докази за идентитетот.
За разлика од постапката во Велика Британија за скелтот на, можниот, цар Самил не е вршена ДНК анализа и нема научна потврда дека скелетот е негов.
КАКО СЕ РАСПАЃА ЧОВЕЧКОТО ТЕЛО

По смртта, човечкото тело поминува низ организиран биолошки и хемиски процес на распаѓање кој трае од неколку минути до стотици години.
Фази на распаѓање на телото
• Први часови и денови (Автолиза и вкочанетост). Автолизата (саморазградување) започнува веднаш откако срцето ќе престане да работи; клетките остануваат без кислород и почнуваат да ослободуваат ензими кои ги уништуваат сопствените ткива. Мозокот е првиот што се распаѓа бидејќи содржи многу вода (околу 70%) и брзо се распаѓа без кислород.
По 3 до 4 месеци (Разградба на течност): Жолчката од жолчното кесе ги поплавува ткивата и му дава на телото жолто-зелена боја, која подоцна станува кафеаво-црна како што крвта губи железо и се јавува оксидација. Молекуларните структури се олабавуваат, па меките ткива се претвораат во водена каша.
• 1 година и подоцна (Разградба на облека и ткива): По околу една година, киселите течности ја уништуваат памучната облека. Во влажни услови со малку кислород, може да се формира мртов восок (адипоцера), додека во суви услови се јавува природна мумификација.
• По 50 до 80 години, меките ткива претежно исчезнуваат, а скелетот останува, во кој колагенот полека се распаѓа.
• До 100 години - Скелет во прашина. Околу стотата година, колагенот во коските драстично се намалува, коските стануваат кршливи и се распаѓаат во прашина. Околу 100-тата година: Под притисок и поради хемиски реакции, минералната рамка на коските почнува да пука и буквално се распаѓа во прав.
По 1000 години: По цел милениум, дрвениот ковчег одамна станал дел од околното земјиште и практично нема разлики дали телото е закопано во земја, или во ковчег. Само забите на скелетот успешно се спротивставувала со векови. Дури и кога коските ќе исчезнат, забите остануваат недопрени во почвата.
Ако телото е балсамирано и ставено во херметички затворен метален (камен или оловен) ковчег, внатре нема влага или надворешни микроби. Во такви услови, телото може да се претвори во сува, исушена „мумија“ и во некои случаи да остане препознатливо стотици години, но по 1000 години, штом металот подлегне на корозија, овие остатоци исто така брзо ја следат судбината на прашината.

При утврдувањето на идентитетот не скелетот на “цар Самоил“ Грците не пронашле ниту еден запис, артефакт или детал кој упатува на идентитетот како што е тоа случај со саркофазите и фараоните во Египет, на пример. Пронашле само добар начин да создадат приказна.
Приказната, деновиве, има ја предадоа на Бугарите за тие, потоа, да ја раскажуваат понатаму.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата