Министерството за одбрана направи закон за воена индустрија, со кој планираме да направиме посебни зони, кои ќе бидат во делот на нашите капацитети, каде што имаме корисничко право, и на тој начин да им овозможиме на компаниите да учествуваат и да обезбедиме средства за оние што сакаат да работат во рачни делови на воената индустрија - истакна денеска министерот за одбрана Владо Мисјаловски на собраниската седница за пратенички прашања од опозицијата.
Одговарајќи на прашањето на пратеникот Фатмир Битиќи од СДСМ што конкретно е направено за домашните компании да ги искористат можностите од НАТО, тој појасни дека со новото законско решение, кое треба да биде ставено пред пратениците, предвидено е домашни компании да се субвенционираат за дополнително да се развиваат во одбранбената индустрија.
На млади компании што веќе излегле на пазарот, а не може да продаваат во странство, ние, вели Мисајловски, ќе направиме еден вид истражување (research and development) како да им дадеме дополнителни средства да се развиваат и да продаваат тука производи, пред сè, да ги користи Армијата, а потоа да добиваат потврда за користење, со што ќе може да излезат на кој било пазар, па и во НАТО, да го продаваат во земјите членки на НАТО.
Министерот појасни дека имале средба со претставници на компании, како што рече, каде што млади луѓе почнале да прават дронови во Македонија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата