logo
logo
logo

ОБЕЗБЕДЕНИ ПАРИ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ, МИЦКОСКИ ПРЕДУПРЕДУВА - пријавувајте го вистинсото производство : „нема крава што дава сто пати повеќе млеко“

Vecer | 31.07.2026

ОБЕЗБЕДЕНИ ПАРИ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ, МИЦКОСКИ ПРЕДУПРЕДУВА - пријавувајте го вистинсото производство : „нема крава што дава сто пати повеќе млеко“

Субвенциите за сточарите се обезбедни, но Владата бара реално прикажување на производството. Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека земјоделците при аплицирањето за финансиска поддршка да ги пријавуваат вистинските количини, без нерални податоци. 

Тој посочи дека не може да се пријавува производство кое отстапува во реалноста, наведувајќи пример дека „една крава дала сто пати повеќе млеко од најдоброто грло во светот“ или дека еден хектар се произведени 35 тони тутун.

Мицкоски нагласи дека средствата за субвенции се обезбедени, а исплатата ќе започне откако ребалансот на буџетот ќе биде објавен во „Службен весник“. 

– Ребалансот е донесен, се објавува во „Службен весник“ и потоа веднаш ќе биде исплатата зашто средствата се обезбедени. Драго ми е што од оние предизвици што ги имаат сточарите, како цената и вишоците, веќе ги немаат. Успеавме со интензивна акција тоа да го надминеме. И ние имаме предизвици, пријавени се грла добиток што стопати повеќе произведуваат млеко, значи ќе треба и дисципината да ја подобриме зашто субвенциите се народни пари и ако така се однесуваме, ќе немаме уште долго. Ќе мора да сме чесни и да го пријавуваме она што го произведуваме, не може едно грло да произведува стопати повеќе од најуспешното грло во светот. Ќе има контрола и таа е веќе почната не само на овој тип производи кај сточарите туку и кај другите земјоделци и земјоделски култури. Мора да се грижиме за државата, да има ред и дисциплина. Ако не се гржиме ние, не може да очекуваме некој од надвор да се грижи за нас. Значи, не може да пријавуваме дека на еден хектар се произведени 30 или 35 тона тутун, може два, 2,5, па и три тони, ама не може 35 тони на хектар. Има многу работи што мора сите заеднички да ги совладаме како предизвици – посочи премиерот по посетата на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk