Драги Рашкоски фатен со кеш пари на граница со Грција

Vecer | 05.09.2025

Драги Рашкоски фатен со кеш пари на граница со Грција
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Македонската царина при претрес на возилото го фатила екс генералниот секретар на Владата на Заев, Драги Рашкоски со кеш пари, 20 000 евра на јужната граница за кои немал покритие ниту биле пријавени.

Тој овие пари сакал да ги пренесе на грчка страна. Во моментот е задржан на границата Богородица, а вишокот на сумата е конфискуван.

Инаку во прв степен, Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски и уште шестмина обвинети добија затворски казни за злоупотреби од три до осум години затвор во случајот „Софтвери“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk