logo
logo
logo

Лидерот Филипче ја повтори вчерашната прес-конференција и одби да одговара на новинарски прашања

Vecer | 11.12.2025

Лидерот Филипче ја повтори вчерашната прес-конференција и одби да одговара на новинарски прашања

Лидерот на СДСМ Венко Филипче ќе ја спасува Македонија од како што вели „предавниците од ВМРО-ДПМНЕ“ и српско сценарио во земјава, за што како што рече ги повикува сите политички партии, граѓански здруженија и интелектуалци да се обединат.

Опозицискиот лидер и денеска практично ја повтори вчерашната прес конференција во која повторно рече дека не е задоволен од одговорот на премиерот на прашањето дали во Македонија ќе дојдат мигрантите кои ќе ги одбие Велика Британија. Филипче рече дека мигрантите ќе дошле во јуни, а ВМРО-ДПМНЕ сакале претходно да организираат предвремени избори.

Премиерот Мицкоски вчера рече дека доколку опозицискиот лидер Филипче најде и еден мигрант кој што дошол во Македонија, тој трајно ќе ја напушти политиката.

Филипче денеска го осуди и нападот врз редакцијата на Инфомакс, карактеризирајќи го како притисок врз новинарите од страна на власта и истиот го спореди со нападите врз новинарите во Србија.

МВР утрово објави дека уште вчера привела едно 43 годишно лице за нападот врз редакцијата на Информакс. Објасни дека станува збор за лице со здравествени проблеми поради кои и се лекувало во болницата во „Бардовци“

Осуда на нападот упати и владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

По прес кофнеренцијата Филипче одби да одговара на новинарски прашања, на што следеа бурни реакции од новинарите но тоа не го врати на партиската говорница.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk