logo
logo
logo

КРИВИЧНА ПРОТИВ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУГА, Менди Ќира

Vecer | 15.09.2026

КРИВИЧНА ПРОТИВ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУГА, Менди Ќира

Струшката полиција поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Струга, Менди Ќура, за делото Злоупотреба на службена положба и овластување.

„ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Ќ.(66) од струшкото село Биџево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 од Кривичниот законик. Тој, во својство на градоначалник на Струга, спротивно на одредбите од Законот за основно образование, донел одлука и незаконски разрешил директор на едно основно општинско училиште, по што назначил друго лице за в.д. директор. Тоа го направил иако знаел дека новоназначеното лице нецелосно ги исполнува условите пропишани во член 118 од Законот за основно образование“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Неправилностите биле утврдени и од инспекцискиот надзор, извршен од Државниот просветен инспекторат, се додава во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk