Ниту гласачите на СДСМ не го сакаат Венко

АКО ИМАТЕ РЕЈТИНГ, АЈДЕ НА ИЗБОРИ - Милошоски отворено до СДСМ

Vecer | 28.10.2026

АКО ИМАТЕ РЕЈТИНГ, АЈДЕ НА ИЗБОРИ - Милошоски отворено до СДСМ

Пратеникот и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, во телевизиско гостување ја отвори темата за можни предвремени парламентарни избори, упатувајќи отворен предизвик до лидерот на СДСМ, Венко Филипче!

Милошоски со остри аргументи ја отфрли лажната пропаганда за некаков раст на опозицијата, порачувајќи дека доколку Филипче навистина верува оти поддршката за СДСМ вртоглаво расте, најлогичниот потег би бил веднаш да побара предвремени избори.

„Ако тој смета дека рејтингот на СДСМ расте, тогаш би било логично да побара предвремени избори. Но, ако не бара предвремени избори, тогаш сосема е јасно зошто бега од нив, бидејќи рејтингот му е прилично слаб и катастрофален“, дециден беше Милошоски во емисијата.

Тој посочи на поразителен внатрепартиски парадокс, истакнувајќи дека рејтингот на СДСМ како политичка партија е дури повисок од личниот рејтинг на самиот Филипче, што е јасен доказ дека дури ниту традиционалните симпатизери на социјалдемократите не би гласале за актуелниот претседател.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk