logo
logo
logo

ЗАТВОРЕНА МЕНЗАТА ВО РЕК БИТОЛА, ЗЕМЕНИ СЕ МОСТРИ И БРИСЕВИ, НАРЕДЕНА Е ДЕЗИНФЕКЦИЈА

Vecer | 26.03.2026

ЗАТВОРЕНА МЕНЗАТА ВО РЕК БИТОЛА, ЗЕМЕНИ СЕ МОСТРИ И БРИСЕВИ, НАРЕДЕНА Е ДЕЗИНФЕКЦИЈА

Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот санитарен инспекторат ја затворија мензата во РЕК Битола поради сомневање за труење со храна. Мензата ќе остане затворена до добивање на конечните резултати од контролите.

„Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по добиена телефонска дојава за сомнеж за труење со храна во РЕК Битола, во соработка со ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, Институт за јавно здравје – Скопје и инспектори на Државниот санитеран и здравствен инспекторат, спроведоа вонреден инспекциски надзор во кујната на операторот кој вршел снабдување со храна на РЕК Битола. Во координирана акција, земени се мостри од храна и брисеви од работни површини, раце и нос на затекнати вработени лица во кујната.

Согласно Националниот протокол за постапување во случај на сомнеж за појава на алиментарни инфекции и интоксикаци, кујната на операторот со храна е времено затворена, односно, дадена е забрана за вршење на дејност подготовка и послужување на храна од истата, се до завршување на инспекциската постапка и добивање на уредни наоди од лабораториските испитувања на земените мостри и брисеви.

Наредено е вонредно чистење и дезинфекција на објектите и опремата и спроведување на вонредни санитарни прегледи за сите вработени лица. Инспекциската постапка продолжува“ – се вели во соопштението на АХВ.

Од Центарот за јавно здравје велат дека се анализираат мострите од површини, а истовремено е спроведена епидемиолошка анкета меѓу повеќе од 80 вработени во РЕК Битола кои побарале лекарска помош во Клиничката болница во Битола поради стомачни тегоби, а претходно конзумирале лазањи со сос во работничката менза.

Од Независниот синдикат на АД ЕСМ велат дека ја следат ситуацијата и дека ќе бараат одговорност ако се потврди дека причината е храната или хигиената во кујната, нагласувајќи дека јавни коментари за причината засега треба да бидат воздржани додека институциите не завршат со испитувањето. Претседателот на синдикатот порача дека здравјето и животот на вработените не смеат да се ставаат во опасност и дека ќе реагираат жестоко доколку се потврди одговорност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk