logo
logo
logo

УЖИВАЈТЕ ВО ВИКЕНДОТ

СОНЧЕВ ВИКЕНД, ПА НОВ БРАН НЕВРЕМЕ - Од понеделник дожд, грмежи и засилен ветер

Vecer | 25.07.2026

СОНЧЕВ ВИКЕНД, ПА НОВ БРАН НЕВРЕМЕ - Од понеделник дожд, грмежи и засилен ветер

Сончево и пријатно време ќе преовладува денеска низ поголемиот дел од земјава, со мала до умерена локална облачност. Метеролозите најавуваат умерен до засилен северозападен ветер, кој ќе биде најизразен во источните делови и долж повардарието. 

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.

За време на викендот времето ќе биде стабилно со мала до умерена облачност. Нови врнежи од дожд проследени со локална нестабилност ќе има во понеделник, а од вторник повторно ќе биде стабилно со пораст на температурите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk