logo
logo
logo

МИНИМАЛНАТА ПЛАТА РАСТЕ ПОБРЗО ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА ХРАНА, објави министерот за економија

Vecer | 03.10.2026

МИНИМАЛНАТА ПЛАТА РАСТЕ ПОБРЗО ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА ХРАНА, објави министерот за економија

Инфлацијата во земјава е стабилна и инфлаторните притисоци се значително намалени во споредба со претходните години, изјави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во интервју за телевизија Алсат-М.

Според Дурмиши, најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат инфлација од 2,6 проценти, што, како што оцени, претставува значително пониско ниво во однос на периодите кога таа достигнувала четири проценти, а пред неколку години и меѓу осум и 10 проценти.

Министерот истакна дека мерките преземени од Владата придонеле за стабилизирање на состојбите и ублажување на ценовните притисоци.

Осврнувајќи се на состојбите во јавните финансии, Дурмиши рече дека буџетот е стабилен и дека до крајот на годината ќе продолжи редовната исплата на платите во јавниот сектор и на пензиите.

Во интервјуто тој зборува за односот меѓу минималната плата и трошоците за живот, наведувајќи дека во изминатите две години нето минималната плата бележи поголем раст од трошоците за храна и пијалаци. Според неговите податоци, нето минималната плата е зголемена за околу 4.000 денари, додека трошоците за храна и пијалаци се зголемиле за нешто повеќе од 3.000 денари.

FacebookTwitterCopy LinkShare

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk