logo
logo
logo

ПРАВЕЛЕ АЈВАР ВО СОЊЕ И ЈА ЗАПАЛИЛЕ КУЌАТА

Vecer | 07.10.2026

ПРАВЕЛЕ АЈВАР ВО СОЊЕ И ЈА ЗАПАЛИЛЕ КУЌАТА

Маж и жена предизвикале пожар во Горно Соње. Правеле ајвар, а пепелот го истуриле во близина на куќата, а во него најверојатно имало жар.

Според информациите на МВР, вчера околу 19:50 часот во полиција е пријавено дека во село Горно Соње, скопско, настанал пожар при што била опожарена викенд куќа и трева.

„Полициски службеници од СВР Скопје излегоа на местото и извршија разговор со Д.М.(74), сопственик на викенд куќата, кој појаснил дека со сопругата правеле зимница и во близина на куќата го истуриле пепелот од ќумбето, во кое најверојатно имало жар и си заминале, по што настанал пожарот“, велат од МВР.

Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk