Ројтерс, Њујорк Тајмс и Вашингтон пост имале пристап до мејлот што го добиле вработените во компанијата Твитер..
– Во обид да поставиме успешна и здрава патека за Твитер, во петок ќе поминеме низ тешкиот процес на намалување на нашата глобална работна сила – пишува во мејлот што го добиле вработените на Твитер.
Инаку, откако Маск официјално го купи Твитер за 44 милијарди долари, почнаа шпекулациите дека ќе отпушти дури 50 отсто од вработените. Според денешните информации овие шпекулации изгледа сепак биле точни. Инаку, според податоците од крајот на 2021 година, Twitter има повеќе од 7.000 вработени.
Маск веќе отпушти некои од директорите на Твитер веднаш откако ја презеде контролата врз компанијата. Тој отпушти девет директори, меѓу кои и извршниот директор Параг Агравал, финансискиот директор Нед Сегал и шефот за правни прашања и политика Виџеј Гад.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата