logo
logo
logo

Тргнал на патување околу светот пред речиси три децении - Неверојатен потфат на човек кој никогаш не се откажува

Vecer | 09.10.2026

Тргнал на патување околу светот пред речиси три децении - Неверојатен потфат на човек кој никогаш не се откажува

57 годишниот Карл се врати на британско тло по 28-годишно патување низ светот, за време на кое поминал 50.000 километри низ 29 земји, но сепак му преостануваат уште околу 400 километри до крајната дестинација.

Поранешниот падобранец од Хал своето извонредно патување го започна во Чиле пред 28 години, а во понеделникот, на 5 октомври, пристигна на плажата Шекспир, јужно од Довер.

За време на патувањето, тој помина вкупно 50.000 километри низ 29 земји, придржувајќи се до правилата што сам си ги поставил – да не користи никакви превозни средства и да не се враќа дома сè додека не го заврши својот потфат.

Бушби го мина опасниот регион Дариен меѓу Колумбија и Панама за време на конфликтот меѓу колумбиските власти и марксистичките герилци.

Тој исто така го оствари првото забележано пешачко преминување на Беринговиот Проток од исток кон запад и стана првиот човек што препливал 184 милји, односно околу 296 километри, низ Каспиското Море.

Тоа пристигна во Европа минатата година, а минатиот месец стигна до каналот Ламанш.

По 20 часа поминати во вода и три дена на море, за време на кои се бореше со силни ветрови, тој конечно стигна до британскиот брег. Таму го пречекаа неговиот татко, браќата и неколку пријатели. „Чувството е одлично повторно да се биде на британско тло по сите овие години“, изјави Бушби за ITV News.

„Не беше лесно, а токму тоа е и поентата – да докажам дека сум поспособен отколку што мислев. Сите можеме да постигнеме многу повеќе отколку што воопшто можеме да замислиме“, додаде тој.

Сепак, неговото патување сè уште не е завршено. Крајната дестинација е куќата на неговата мајка во Хал, до која треба да стигне во текот на следниот месец.

Кога пред 28 години замина од домот на мајка си, очекуваше дека ќе се врати за само 12 години. Сега е на чекор до целта.

„Заминав оттаму пред 28 години и наскоро ќе го завршам патувањето таму. Остануваат уште околу 400 километри, така што морам да побрзам“, изјави Бушби за „Тајмс“.

Неговото враќање во Хал ќе го означи крајот на еден од најизвонредните долгорочни патнички потфати, кој траеше речиси три децении.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk