Тоа ќе биде негов трет таков преглед за 13 месеци. Белата куќа претходно овој месец соопшти дека 79 годишниот Трамп ќе се подложи на „рутински годишни стоматолошки и медицински прегледи како дел од неговата редовна превентивна здравствена заштита“.
Во октомври, лекарот Шон Барбабела рече дека Трамп има срце и циркулаторен систем на 65-годишник, и покрај тоа што претседателот има 79 години, по она што Трамп го нарече „полугодишен преглед“.
Трамп, најстариот американски претседател некогаш инаугуриран, последен пат бил на редовен годишен медицински преглед во април 2025 година. Претседателите на САД традиционално објавуваат информации за нивното здравје, иако не се законски обврзани да го сторат тоа.
Во последно време јавноста и медиуми многу шпекулира за здравјето на Трамп.
Слики од модринки на рацете и отечени нозе, некои очигледно покриени со течен прав, циркулираат на интернет.

Актуелниот претседател следниот месец полни 80 години, а модринките ги објасни како резултат на честите ракувања. Белата куќа како причина ја наведе употребата на лекови за разредување на крвта.
Во јули, Белата куќа објави дека Трамп страда од хронична венска инсуфициенција, безопасна состојба на вените во нозете што се јавува претежно кај постари лица.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата