logo
logo
logo

ТОПЛОТНА КУПОЛА НАД ЕВРОПА: Летото не се предава – нов топлотен бран носи високи температури, еве како ќе влијае врз здравјето

Vecer | 27.09.2026

ТОПЛОТНА КУПОЛА НАД ЕВРОПА: Летото не се предава – нов топлотен бран носи високи температури, еве како ќе влијае врз здравјето

По едно од најжешките лета забележани во Европа, на сончевите денови сè уште не им е дојден крајот. Според проценките на одделни глобални метеоролошки организации, при крајот на септември во Европа пристигнува нов топлотен бран кој ќе формира топлотна купола.

Дали летото повторно ни се враќа, какви температури нè очекуваат, но и како временските промени влијаат врз здравјето?

Иако календарски започна есента, а утрата и ноќите се постудени, сè уште не е време да се пакуваат кратките ракави. За крајот на септември се предвидува исклучително топло време, а според зборовите на експертите, во октомври нè очекува и таканареченото „Михољско лето“, кое ќе трае околу пет дена и кога температурите може да се искачат на околу 30 степени Целзиусови.

Главоболка, поспаност, променливо расположение – наглите временски промени претставуваат предизвик за организмот, а кај многу граѓани доведуваат и до посериозни здравствени проблеми.

Лекарите предупредуваат дека ваквите временски осцилации влијаат пред сè врз постарите пациенти и хронично болните, но дека тегобите не ги заобиколуваат ниту младите, ниту децата. Напоменуваат дека дополнителен проблем е и доаѓањето на есенските вируси.

За зачувување на здравјето и поддршка на имунолошкиот систем, се препорачуваат следниве превентивни мерки:

Здрава и балансирана исхрана: Вклучете редовни оброци богати со природни витамини и минерали (свежо овошје и зеленчук).

Квалитетен и доволен сон: Обезбедете му на организмот соодветен одмор. Имунолошкиот систем директно зависи од квалитетот на сонот, што е од посебна важност за правилниот развој и заштита кај децата.

Умерено користење на суплементи: Додатоците во исхраната можат да бидат корисна поддршка, но не треба да се претерува со нив. Не постои „совршен суплемент“ што може целосно да ги замени здравите животни навики.

Психофизичка рамнотежа: Одржувањето позитивен став кон животот и намалувањето на стресот имаат директно позитивно влијание врз општото здравје и имунитетот.

Иако метеоролозите најавуваат дека не очекуваат екстремно студена зима, минусите и снегот нема целосно да нè заобиколат. Според најавите, по периодот на потопло време следува постепено заладнување, додека сериозен пад на температурите под нулата се очекува во втората половина на ноември.

Сепак, метеоролозите посочуваат дека долгорочните метеоролошки модели бараат претпазливост, но, според прогностичките модели првите снежни врнежи и продори на студени воздушни маси се очекуваат во текот на декември.

Сè поретките слики од обилен снег и високи снежни наноси експертите ги препишуваат на глобалните климатски промени и феноменот Ел Нињо, поради кои традиционално острите зими сè повеќе стануваат реткост.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk