logo
logo
logo

„Симпсонови“ во 2000 година: Некои луди луѓе на еден остров тајно го владеат светот; толкувањата посочуваат на Џефри Епстин

Vecer | 05.02.2026

„Симпсонови“ во 2000 година: Некои луди луѓе на еден остров тајно го владеат светот; толкувањата посочуваат на Џефри Епстин

 Имено, во епизодата од 12. сезона „Компјутерот носеше злобни чевли“ (The Computer Wore Menace Shoes), којашто се прикажуваше во 2000 година, Хомер создава интернет-страница за озборувања, ширење гласини и лажни вести под псевдонимот „Г-н Икс“.

Меѓу теориите на заговор на Хомер е и наводот за „луди луѓе на островот“, што некои гледачи го толкуваат како посочување на приватен остров на Американските Девствени Острови што бил во сопственост на Џефри Епстин. Сцена од епизодата, инаку напишана од Џон Сварцвелдер и режирана од Марк Киркленд, посочува напис на „Г-н Икс“ којшто вели: „Внимание: Некои луди луѓе на еден остров тајно го владеат светот“.

Следат дел од реакциите од следачите на социјалните мрежи.

„Бев без зборови по оваа епизода“, „Ова не е ситком, туку вистински приказ на нашите животи“, „Тие знаат сè“ - гласат коментарите на платформата „Икс“.

Некои корисници на социјалните мрежи тврдеа дека креаторот на „Симпсонови“, Мет Гронинг наводно и патувал со еден од приватните авиони на Епстин. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk