logo
logo
logo

Што значи кога некој ќе ве остави на “seen”?

Vecer | 15.10.2026

Што значи кога некој ќе ве остави на “seen”?

Допишувањето значително ги олеснува и комплицира љубовните односи. Овозможува со некого да разговарате цел ден без да му го чуете гласот, но и да видите кога ја прочитал пораката и одлучил да не ви одговори. Важно е да запомните дека “seen” е временска ознака, сè друго е интерпретација и претерана анализа, пишува Vice.

Она на што треба да обрнете внимание е промената во однесувањето. Ако претходно сте разменувале пораки во текот на денот, а сега добивате само еден краток одговор на неколку дена, ситуацијата е поинаква од онаа кога имате работа со некој што отсекогаш бавно одговарал на пораките.

Анализа на сопствената порака

Некои порака бараат брз одговор. На пример, „Синоќа беше супер“, може да остане без одговор некое време, но прашањето „Се гледаме во 19 ч“?, очигледно бара брза реакција.

Проблем се и неодредените пораки поради кои двете страни исчекуваат другиот да преземе иницијатива. „Би можеле да излеземе некогаш“ звучи симпатично, но не нуди материјал за одговор. Подобро е да се биде директен и да се даде конкретен предлог: „Слободна си за дружба следниот петок“?

“Seen” ја зголемува нервозата

Кога гледате дека некој ја отворил пораката, тоа ја елиминира можноста дека не ја видел. Примена е, но зошто нема одговор? Тука почнува дилемата.

Истражување врз корисници на апликации за допишување покажало дека потврдата дека пораката е прочитана ја зголемува анксиозноста и честото проверување на телефонот.

Можно е лицето да влегувало на состанок, да заборавило да одговори или едноставно да не знае што да напише. Не можете да знаете што се случило, но мозокот тежнее автоматски да конструира најлошо можно сценарио.

Дополнителна порака е прифатлива

Ако навистина ви е потребен одговор, во ред е после некое време да испратите уште една порака, но тоа да не биде спротивставување за тоа што не одговориле.

Вистинскиот момент за дополнителна порака зависи од контекстот. Плановите за истата вечер бараат побрз одговор отколку споделувањето на некој „мем“. Исто така, нивото на комуникација што се очекува со некој со кого се гледате веќе шест месеци се разликува од она со некој со кого штотуку сте се „споиле“ на апликација за запознавање.

Можеби не се заинтересирани

Понекогаш причината за молкот е личноста да не е заинтересирана, а нема храброст да каже директно. Луѓето често избегнуваат непријатни разговори, а светот на запознавање им нуди бројни прилики да исчезнат наместо да преземат одговорност.

Ако сте испратиле една дополнителна порака и сè уште нема одговор, обично нема смисла да инсистирате. Можете да испратите уште една неутрална порака во случај подоцна да ви одговорат, или едноставно да се откажете и да продолжите понатаму. Во секој случај, обидот да изнудите одговор од некој што очигледно ве избегнува, ретко завршува добро.

Обрнете внимание на обрасците на однесување

Секому може да му се случи да не забележи порака. Луѓето често ја отвораат пораката додека прават нешто друго, со намера да одговорат подоцна, и на крајот забораваат. Сепак, личноста исчезнува со денови и се јавува само кога ѝ одговара, тоа открива многу повеќе од една неодговорена порака. Тоа, за жал, е образец на однесување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk