logo
logo
logo

Распишана потерница за 27.000 избегани лососи, награда 43 евра по риба

Vecer | 12.02.2025

Распишана потерница за 27.000 избегани лососи, награда 43 евра по риба

Активистите велат дека тоа е „катастрофа за дивиот лосос“.

„Mowi“, глобална компанија за преработка, производство и трговија со морска храна, им понуди награда на рибарите кои ќе уловат избеган лосос. Се проценува дека 27.000 риби исчезнале од фарма на норвешкиот брег, што според активистите може да биде катастрофално за дивиот лосос.

Најголемиот производител на фармерски лосос во светот нуди награда од 500 круни (43 евра) за уловен лосос, откако објави дека четвртина од нејзините лососи, од 105.000 единки избегале од кафезите во областа Тромс, во северозападна Норвешка, пренесува РТС.

Норвешката Дирекција за рибарство соопшти дека бегството на лососот во неделата го пријавила компанијата „Мови“ која навела дека при невремето било откриено оштетување на надворешниот прстен на кафезот во објектот Сторвика V, кој се наоѓа на територијата на општина Диреј.

Просечната тежина на побегнатата риба била 5,5 килограми. Норвешките власти беа на лице место во понеделникот, извршија увид во објектот и издадоа наредба да ги поддржат напорите на компанијата за враќање на исчезнатите риби.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk