МИЛИОНИ ЕВТА, ТОНИ ДРОГА и ОРУЖЈЕ - Голема меѓународна акција против криминалот на „дарк веб“

Vecer | 13.11.2026

МИЛИОНИ ЕВТА, ТОНИ ДРОГА и ОРУЖЈЕ - Голема меѓународна акција против криминалот на „дарк веб“
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Во меѓународна полициска акција координирана од Европол, уапсени се 354 лица кои продавале или купувале нелегална стока преку „дарк веб“, а биле запленети повеќе од 210 милиони евра во готовина и криптовалути.

Како што соопшти Европол, во акцијата под кодно име „ТорНадо“ спроведена од мај 2025 до октомври 2026 година, биле вклучени полициски и други надлежни служби од 14 држави, при што биле извршени претреси на стотици објекти ширум светот.

Најголем број лица биле уапсени во САД – 132, 59 во Обединетото Кралство, во Унгарија 45 и 41 во Германија. Во Словенија биле уапсени 11 лица.

Осомничените биле идентификувании откако биле затворени пет големи пазари на „дарк веб“. Акцијата била насочена кон продавачи и купувачи кои користеле интернет-форуми, онлајн продавници на индивидуални продавачи и шифрирани сервиси за размена на пораки.

Во европските земји биле запленети вкупно 950 килограми дрога, меѓу кои амфетамини, кетамин, МДМА, канабис и кокаин. Запленети биле и повеќе од милион таблети и лекови што се издаваат на рецепт, 57 парчиња огнено оружје и муниција, како и повеќе од 60 милиони евра во готовина и криптовалути.

Во САД биле запленети повеќе од 4,8 тони дрога, 152 парчиња огнено оружје и повеќе од 150 милиони евра во готовина и криптовалути.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk