logo
logo
logo

ОПКРУЖЕНА ОД 5 МОРИЊА, ЛУЃЕТО ЖИВЕАТ ДОЛГО И БЕЗ БОЛЕСТИ: Ова е најздрава земја во светот

Vecer | 23.07.2021

ОПКРУЖЕНА ОД 5 МОРИЊА, ЛУЃЕТО ЖИВЕАТ ДОЛГО И БЕЗ БОЛЕСТИ: Ова е најздрава земја во светот

Спремете куферуите и пат под нозе

Ако сакате да живеете што подолго, се што треба да сторете е да се преселете во Италија.

Оваа медитеранска држава која е опкружена е со пет мориња одбележана е како најздрава земја во светот според Блумберговиот Глобален здравствен индекс од 163 земји. Така бебе родено во Италија може да очекува да живее осумдесет години.

Иако Италија е меѓу најразвиените земји во свет, нејзиниот пораст стагнира со децении, скоро 40% од младите се невработени, а земјата има големи долгови.

И покрај се, Италијанците се во доста добра форма отколку Американците, Канаџаните или Британците, кои во поголем број страдаат од висок крвен притисок и холестерол како и од психички проблеми.

Италијанската кујна има голема заслуга за доброто здравје на нацијата. Тука е и медитеранската исхрана, богата со зеленчук и девичанското масливово масло кои Италијанците го обожуваат.

На второ место на листата на најздрави се нашол Исланд, а на трето Швајцарија, додека на четвро и пето место се наоѓа Сингапур и Австралија.

Во меѓувреме, на 4.500 километри јужно, во Сиера Леоне просечно сега родено дете ќе живее до 52 година, пишува The Independent, што ја прави земјата најлоша за живеење спрема оваа листа.

Секоја држава оценета е на темел на очекуваното траење на животот, причина за смрт и здравствените ризици, како што е висок притисок, пушење, неисхранетост и пристап до питка вода.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk