Тројца членови на едно семејство синоќа загинаа, откако автомобилот во кој се возеле паднал во морето во пристаништето во Пиреја, јавуваат грчките медиуми.

Во несреќата животот го загубиле 45-годишен маж и неговите родители, на возраст од 82 и од 72 години. Автомобилот паднал во морето во близина на влезот Е2 од пристаништето, а причините за несреќата сè уште не се познати.
⚓ Σε εξέλιξη η επιχείρηση ανέλκυσης του οχήματος που έπεσε στη θάλασσα, στην πύλη Ε2 του λιμανιού του Πειραιά. 💔 Από το τραγικό περιστατικό έχει ανασυρθεί νεκρός ο 80χρονος οδηγός, ενώ σύμφωνα με τις τελευταίες διαθέσιμες πληροφορίες αγνοούνται η σύζυγος και ο γιος του. 🚨 Στο σημείο επιχειρούν δυνάμεις του Λιμενικού και ειδικοί δύτες. #Piraeus #BreakingNews #RescueOperation #GreeceNews #tanea
— TA NEA (@ta_nea) October 25, 2026
Спасувачките нуркачи прво го извлекле телото на 45-годишниот маж, додека неговите родители останале заробени во автомобилот. Кратко потоа биле извлечени и телата на таткото и на мајката.
Според првичните информации, автомобилот го управувал 82-годишниот татко, кој најверојатно изгубил контрола над возилото поради лошите временски услови. Во Пиреја претходно наврнал обилен дожд.
Во спасувачката акција учествувале крајбрежната стража, специјализирана нуркачка екипа, приватни пловила и брод од пилотската служба.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата