Голема бела ајкула опасно се приближи до група сурфери во среда, 28 октомври, и сè беше снимено и објавено на социјалните мрежи од Дејвид Штајнер.
Откако предаторот се приближи до луѓето, одеднаш ја смени насоката и го испрска сурферот Џоел Хендрикс со вода. После тоа, исчезна во длабочините.
„Ајкулата ме испрска, како да ме крстеше“, рече подоцна Хендрикс.
Тој, исто така, коментираше за својата реакција.
„Немав време да паничам или да се исплашам. Само помислив: „Ова не е местото каде што сакам да бидам повеќе“, рече тој.
Снимката јасно открива колку блиску ајкулата се приближила до сурферите, како и ненадејното прскање што се случило откако ја замавнала опашката. По „блиската средба“, Хендрикс допливал до брегот.
Дејвид Штајнер со години снима ајкули по должината на брегот на Калифорнија. Овој пат, тој снимил средба со примерок значително поголем од големите бели ајкули што можат да се видат во крајбрежните води, објавува „Дејли Војс“.
Времето на инцидентот исто така не е случајно. Тоа е време од годината кое се карактеризира со враќање на возрасни единки во оваа област.
Овој сезонски феномен е познат како Шарктобер, што се добива со комбинирање на англиските зборови shark (ајкула) и October (октомври).
Како што објаснуваат експертите, возрасните единки доаѓаат во локалните води за да се хранат со фоки.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата