logo
logo
logo

Mесец посветен на едукација, превенција и грижа за женското здравје во Клиника Жан Митрев

Vecer | 11.03.2026

Mесец посветен на едукација, превенција и грижа за женското здравје во Клиника Жан Митрев

За женското здравје треба да се зборува отворено, одговорно и без стигма. Темите поврзани со телото, хормоните, репродуктивното и хормоналното здравје се суштински за квалитетот на животот на секоја жена.

Токму затоа во периодот од 8 март до 8 април, Клиника Жан Митрев ја спроведува кампањата „Здравје без стигма“, насочена кон подигнување на свеста и поттикнување јавен дијалог, опфаќајќи теми од разбирање на сопственото тело, преку репродуктивно и хормонално здравје, до долгорочна превенција, персонализирана грижа и одржување на здравјето низ сите животни фази.

Во центарот на кампањата се специјално креирани промотивни пакети за женско здравје, осмислени да понудат навремена поддршка, рана детекција и сеопфатен пристап кон здравјето на секоја жена. Пакетите се наменети како за жени кои сакаат да започнат со редовна превентивна грижа, така и за оние кои се наоѓаат во различни животни фази, од репродуктивниот период до перименопауза и менопауза и имаат потреба од стручна поддршка и темелна здравствена проценка на едно место. Тие опфаќаат комбинација од гинеколошки прегледи, цервикален скрининг и хормонални анализи, како и дијагностички и лабораториски испитувања за проценка на хормоналниот статус, коскената густина и кардиоваскуларното здравје, овозможувајќи интегриран пристап кон превенцијата, следењето и унапредувањето на женското здравје.

Едукативната компонента е исто така значаен дел од кампањата. Во текот на месецот, преку каналите на социјалните мрежи на Клиника Жан Митрев ќе се објавуваат едукативни содржини и стручни совети од лекари и специјалисти, посветени на подобро разбирање на женското тело, хормоналните промени, репродуктивното здравје и значењето на редовната превенција. На овој начин, кампањата има цел не само да поттикне преглед и навремена дијагностика, туку и да придонесе кон поголема информираност, самодоверба и отвореност во разговорот за теми што предолго биле занемарувани.

Дополнително, сите прегледи поврзани со женското здравје се достапни по промотивни цени во рамки на кампањата. 

Деталните информации и цените за пакетите и прегледите се достапни на линкот.

Кампањата се реализира во годината кога Клиника Жан Митрев одбележува 26 години постоење, продолжувајќи ја традицијата на посветеност кон современа медицина, превенција и унапредување на здравјето на пациентите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk