logo
logo
logo

МД „Илинден”-Тирана доби верски календари од МПЦ-ОА за Македонците во Албанија

Vecer | 09.04.2025

МД „Илинден”-Тирана доби верски календари од МПЦ-ОА за Македонците во Албанија

Македонското друштво „Илинден”-Тирана доби верски календари за 2025 лето Господово, кои бесплатно ќе бидат распределени на Македонците во Република Албанија, информираше за МИА, Никола Ѓурѓај претседател на друштвото.

Во име на друштвото и на Македонците тој искажува голема благодарност до Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и архиепископот г.г. Стефан што и годинава доделува одреден број верски календари за кои постои се поголем интерес меѓу Македонците.

-Како друштво, повеќе години на ред, добиваме бесплатни верски календари од МПЦ-ОА, кои потоа им се распределуваат на Македонци во Албанија. Од мое лично име, од име на друштвото и на Македонците искажувам голема благодарност за МПЦ – ОА на поглаварот г.г. Стефан за покажаната добра волја да им подари на Македонците од Албанија дел од своите верски календари, рече Ѓурѓај.

Вели дека интересот меѓу Македонците од година во година е се поголем и посочува дека календарите веќе се достапни а за да се добијат треба само да се контактира со друштвото. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk