Ветувајќи дека ќе ја намали цензурата на оваа социјална мрежа, што ја зголеми загриженоста кај групите за човекови права дека тоа може да доведе до пораст на говор на омраза.
„Последното нешто што ни треба е Твитер свесно да замижува пред насилен и злоставувачки говор против корисниците“, објави „Амнести Интернешнал“.
Сенаторката Елизабет Ворен го опиша договорот како опасност за демократија, додека Белата куќа изрази загриженост за преголемата моќ што може да ја има една социјална мрежа.
Маск изјави дека Твитер мора да биде приватен за да расте и да стане вистинска платформа за слобода на говор.
„Слободата на говорот е основа на функционална демократија, а Твитер е дигитален градски плоштад каде што се дискутираат прашања од витално значење за иднината на човештвото“, наведе Маск во соопштението.
Претходно, тој нагласи дека главен приоритет за него ќе биде да ја елиминира „армијата на ботови“ на Твитер.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата