Македонските вина претставени во Италија на еден од најголемите саеми за вино во Европа

Vecer | 13.04.2022

Македонските вина претставени во Италија на еден од најголемите саеми за вино во Европа
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

На саемот беа преставени вина од 4.500 винарии, пред 20.000 професионална винска публика од светот.

Во рамки на саемот се одржала и посебна мастерклас дегустација на македонските вина од сортата „вранец" и преку стручна презентација биле презентирани посебните карактеристики на оваа сорта која е најзначајна во земјава.

– Со учеството на ваков тип на интернационални саеми се гради имиџот и препознатливоста на Македонија како винска земја во светски рамки и се остваруваат контакти со диструбутери и купувачи со цел зголемување на продажбата, велат од „Вина од Македонија".

Учеството на саемот беше финансиски поддржано од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за поддршка на руралниот развој за 2022 година./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk