Кожувчанка со нова донација за децата, овојпат во Битола

Vecer | 19.11.2021

Кожувчанка со нова донација за децата, овојпат во Битола
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Кожувчанка е пример како една компанија треба да се однесува во општеството во која работи и дејствува. Тие секогаш се грижат за граѓаните и помагаат онаму каде што е најпотребно.

Така, во овој период го посетија Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас “Кочо Рацин”од Битола каде со одговорните збореа за недостатоците и проблемите со кои се соочува овој завод за деца.

“По нашата прва средба na иницијатива на сопругата на амбасадорот на Словачка амбасада во Скопје, г-ѓа Жанет Маркушова и Здружение Добредојде Македонија -Велком Центар договоривме дека ова е релација која само што започна. Денес, донираме 3 Лаптопа и Монитор на допир, а во иднина ќе се потрудиме да ги следиме потребите за подобрување на функциоирањето на децата во Заводот, но и да ги повикаме останатите компании да ни се приклучат во креирањето на заедничко, подобро општество за сите!” изјави, Митко Јовановски, од Маркетинг секторот на Кожувчанка од Кавадарци.

Нека биде ова еден убав пример и потсетник до сите нас, дека за подобра наша иднина треба да се грижиме таа да биде таква и за другите!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk