logo
logo
logo

Кога жената прва ќе престане да праќа пораки, се случува една од овие работи

Vecer | 27.08.2026

Кога жената прва ќе престане да праќа пораки, се случува една од овие работи

Во модерните врски, пораките се едни од главните начини на поврзување. Кој прв се јавува, колку често партнерите разговараат и кој вложува повеќе труд во комуникацијата, често открива многу за динамиката на односот. Кога жената ненадејно ќе престане прва да испраќа пораки, промената може да значи само едно, а психолозите наведуваат неколку можни причини.

Сака да провери колку партнерот е заинтересиран

Ако дотогаш најчесто таа го почнувала разговорот, можно е да сака да види дали и другата страна ќе покаже иницијатива. Стручњаците за односи истакнуваат дека стабилните врски почнуваат со заемен одговор на секојдневните обиди за поврзување. Кога едната личност ќе стекне впечаток дека таа е единствена во одржување на контактот, не е невообичаено да се повлече и да чека реакција од другата.

Го преиспитува односот и своите чувства

Малкуте пораки не мора автоматски да значат и крај на љубовта. Понекогаш тоа е знак дека жената размислува за тоа дали нејзините потреби се исполнети и дали односот има иднина. Според теоријата на афективно поврзување, луѓето во период на несигурност, често се повлекуваат за да размислат и да ги проценат своите емоции.

Емотивно се дистанцира

Во некои случаи, кога жената престанува да иницира разговор, може да значи дека интересот постепено слабее. Сепак, според стручните лица за односи, не треба да се носат заклучоци само врз основа на пораките, туку е важно да се разгледа целокупниот однос на партнерот – дали разговорите изостануваат, заедничкото време и желбата за поврзување.

Извор: srecne.republika.rs

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk