logo
logo
logo

Кинески тајкун осуден на доживотен затвор

Vecer | 20.08.2026

Кинески тајкун осуден на доживотен затвор

Кинески суд денес го осуди основачот на „Евергранде“ – компанија што претставува симбол на кризата во секторот недвижности која сè уште ја оптоварува националната економија – на доживотен затвор, а на самата групација и на нејзиниот оддел за недвижности им изрече парична казна од приближно две милијарди евра.

„Евергранде“ некогаш беше водечки инвеститор во недвижности во Кина, користејќи го бранот на повеќедецениска брза урбанизација и растечки животен стандард низ земјата. Заострувањето на кредитните услови, со цел да се ограничи прекумерното задолжување, доведе до неможност на компанијата да ги подмири своите обврски во 2021 година.

Пропаѓањето на „Евергранде“ и на други компании од секторот, заедно со тековната криза на пазарот на недвижности, продолжува да го кочи растот, чија движечка сила тие долго време беа. На групацијата „Евергранде“ и на нејзината подружница за недвижности им беше изречена вкупна парична казна од 15,82 милијарди јуани (2 милијарди евра).

Основачот Сју Џијајин е осуден на доживотен затвор поради „тешка финансиска измама“.

Исто така, тој е доживотно лишен од политичките права, а целиот негов личен имот беше конфискуван, соопшти судот во Шенжен преку платформата „Вичет“ (WeChat).

„Групацијата ’Евергранде‘ (Evergrande Group) е казнета со 8,82 милијарди јуани (1,12 милијарди евра), а компанијата ’Евергранде рил естејт‘ (Evergrande Real Estate) со 7 милијарди јуани (890 милиони евра)“, наведе судот. Во периодот од 2016 до 2021 година, „Евергранде“ и Сју Џијајин „го прекршиле националниот закон преку вршење континуирана финансиска измама од големи размери, како и други активности насочени кон вештачко зголемување на вредноста на имотот и прикривање на обврските“, појасни судот. Судот додаде дека обвинетите користеле поткуп за да „стекнат контрола врз финансиски институции“, без притоа да ги именува вклучените институции.

Според судот, уште петмина високи функционери на групацијата „Евергранде“ беа осудени на затворски казни во траење од 6 до 18 години по различни обвиненија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk