Принцезата од Велс зборуваше за својата љубов кон тенисот уште во 2017 година, во документарниот филм на Би-Би-Си „Сју Баркер: Нашиот Вимблдон“, а нејзините изјави повторно го привлекоа вниманието на јавноста.
Осврнувајќи се на своето детство, Кејт откри дека Вимблдон заземал посебно место во нејзиното растење.

„Секогаш го следев Вимблдон. Тој беше дел од моето растење. Мислам дека е неверојатно важен дел од англиското лето и дека ги инспирира младите луѓе, исто како што ме инспирираше и мене кога бев помлада“, сподели принцезата.
Меѓу тенисерите што особено уживала да ги гледа, таа го издвои Горан Иванишевиќ.
„Го обожавав Горан Иванишевиќ; бев фасцинирана од него. Истото важи и за Пит Сампрас, Андре Агаси и Штефи Граф“, призна Кејт, како што пренесува CdM.
Сопругата на Принцот Вилијам, принцезата Кејт Мидлтон уште од детството гаи љубов кон тенисот, а денес е редовен гостин на Вимблдон, каде што често им ги врачува трофеите на победниците.
Во истиот документарен филм, таа откри и дека нејзината мајка, Керол Мидлтон, има свој омилен тенисер.
Станува збор за швајцарскиот ас Роџер Федерер, кон кого нејзината мајка – како што низ шега призна Кејт – чувствува посебна наклонетост. Принцезата додаде дека нејзината мајка веројатно нема да се налути поради ова откритие, напоменувајќи дека Федерер можеби веќе е свесен за тоа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата