Како да ги воспитувате децата како Данците, една од најсреќните нации во светот

Vecer | 21.12.2022

Како да ги воспитувате децата како Данците, една од најсреќните нации во светот
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Данска е рангирана меѓу најсреќните земји во светот речиси неколку децении. Која е тајната? Одговорот делумно лежи во начинот на кој Данците ги воспитуваат своите деца и ги градат во издржливи, емоционално сигурни и среќни возрасни луѓе.

Данското родителство се заснова на воспоставување здрав однос меѓу родителите и децата. Во оваа врска, родителите му покажуваат на детето дека се грижат за него и го учат да стане подобра верзија од себе.

Во книгата Данскиот начин на родителство од Џесика Џоел Александар и Ибен Сандал се наведени шест основни принципи на данското родителство.

Игра

Родителите во Данска ги поттикнуваат децата да играат слободно. Не постои прекумерна родителска контрола во смисла дека родителите се мешаат. Ова е причината зошто децата ги следат своите интереси.

Автентичност

Некои родители со најдобра намера ги фалат само успесите на своите деца, но тоа не е добро. Родителите во Данска се фокусираат на трудот кој го вложува на нивното дете, што помага во воспитувањето така што детето ќе стане свесно за неговите силни и слаби страни.

Преобликување

Родителите во Данска се обидуваат да ја преобличат перцепцијата за непријатна ситуација. Тие секогаш ја истражуваат причината за мрзоволно или недолично однесување, наместо да мислат дека нивното дете е намерно непослушно.

Емпатијата

Емпатијата е основна вредност што се учи дури и во училиштата во Данска. Практикувањето на емпатија ги учи децата како да ги почитуваат другите, па дури и себеси. Исто така, помага да се спречи злоупотреба.

Нема ултиматуми

Родителите можат да прибегнуваат кон авторитативни ултиматуми за да го принудат своето дете да постапува или да се однесува на одреден начин. Меѓутоа, тоа може да им се врати и да создаде тензија во односот помеѓу родителот и детето.

Заедница

Заедништвото е еден од зборовите што може да се користат за да се опише данскиот концепт на hygge. Ова е уште еден важен дел од данското родителство. Татковците и мајките во таа земја се грижат да поминуваат многу време со своите деца, што обликува среќни луѓе.

Фото: Шутерсток

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk