logo
logo
logo

ТАА ИМ НУДЕЛА С*ЕКС И ГИ ДРОГИРАЛА, додека тој вршел претрес но, ситуацијата излегла од контрола

Vecer | 13.08.2026

ТАА ИМ НУДЕЛА С*ЕКС И ГИ ДРОГИРАЛА, додека тој вршел претрес но, ситуацијата излегла од контрола

Романската двојка Адина Михај (31) и Мадалин Думитру (30) е осудена на по 17 години затвор во Велика Британија, откако претходно признала вина за убиство од небрежност во случај во кој двајца мажи починале откако биле дрогирани и ограбени.

Според „Скај њуз“, Михај преку интернет се претставувала како сексуална работничка и договарала средби во домовите на мажите, додека Думитру ѝ помагал во организирањето на шемата.

На судењето било наведено дека четворица мажи биле дрогирани со гама-бутиролактон (GBL) ставен во вино, со намера да бидат доведени во длабока несвест, по што нивните домови биле пребарувани и ограбувани.

Двајца од жртвите – 80-годишниот Малколм Кинг и 37-годишниот Гери Моуат – починале. Двојката признала и уште два случаи на дрогирање кои не завршиле со смртен исход.

Судијката при изрекувањето на пресудата оценила дека обвинетите не користеле фиксна доза, туку количината варирала, со што жртвите биле изложени на сериозен ризик од тешки повреди или смрт.

Полицијата ги поврзала случаите откако било утврдено дека Моуат бил отруен, а дополнителната истрага покажала дека и претходната смрт на Кинг била поврзана со истата шема.

Истражителите веруваат дека можеби има уште жртви и ги повикаа сите лица кои имале слична средба со Михај да се обратат во полиција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk