Поранешниот светски шампион во снукер, Грем Дот, е осуден за сексуално злоупотребување деца, што предизвика големо внимание во јавноста.
Грем Дот (49) беше изведен пред суд под обвиненија за блудни, бесрамни и похотливи дејства и однесување кон две деца.
Обвиненијата опфаќаа период меѓу 1993 и 1996 година во врска со едно девојче, како и период од 2006 до 2010 година во врска со едно момче. Во тоа време, двете деца биле на возраст за основно училиште. Дот негираше каква било вина, нарекувајќи ги обвиненијата „одвратни“ за време на судењето пред Високиот суд во Глазгов.
Жртвата од женски пол, која сега е во своите четириесетти години, била нападната на подрачјето на Глазгов. Таа се присети на еден инцидент во кој Дот почнал да ѝ го „гали“ задникот преку облеката за време на играње „коњчиња“ во затворен простор. Жртвата им раскажа на поротниците дека била сексуално злоупотребувана за време на „игра на погодување“, за која беше наведено дека се одиграла повеќе пати, а во која морала да ги затвори очите и да „погодува“ што прави Дот.
За време на еден инцидент, таа изјави дека Дот ѝ ги соблекол панталоните, ѝ ја подигнал маицата и ја бакнал во стомакот. Исто така се разголил за време на друг инцидент и ја навел кратко да учествува во сексуален чин, кој завршил кога таа „почнала да плаче“. Жената му кажа на судот дека била „шокирана, исплашена“, а подоцна додаде: „Сакав да го направам тоа што го бараше од мене бидејќи не сакав да го вознемирам или нешто слично.“
Поротниците слушнаа како жената ѝ се доверила на пријателка кога била тинејџерка, а потоа им раскажала на членови од семејството и на педагошки советник во средното училиште. Го пријавила случајот во полиција во 2001 година, но таа пријава немала никаков епилог сè додека полицајците не ѝ тропнале на врата 23 години подоцна, во ноември 2024 година, во светло на обвиненијата што ги изнесе оштетеното момче.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата