Историското погубување во американската сојузна држава Тенеси се претвори во целосен кошмар и нов медицинско-правен скандал, откако 50-годишната Криста Пајк го преживеа обидот за егзекуција со смртоносна инјекција!
Врховниот суд на САД претходно ѝ го отвори патот на Пајк да стане првата жена погубена во Тенеси во последните 200 години, отфрлајќи ги во последен момент сите жалби на нејзините адвокати за нејзиното трауматично детство. Меѓутоа, самата процедура во затворската комора заврши со шокантен пресврт.

Според сведочењата на новинарите кои ја следеле егзекуцијата, Пајк била цврсто врзана за креветот во смртоносната комора. Додека течела постапката, таа ја кренала главата и мирно го прашала затворскиот персонал: „Дали чувството што го имам во раката е вообичаено?“
Откако ѝ биле применети две дози од моќниот анестетик пентобарбитал, зад завесата се слушнало гласно и тешко рчење. Во 20:53 часот микрофоните биле нагло исклучени, а новинарите насилно изведени од просторијата. Наместо смрт, уследила итна интервенција – Пајк во критична состојба е пренесена во надворешна болница, додека затворските власти немаат апсолутно никакво објаснување како отровот потфрлил.

Криста Пајк се наоѓа зад решетки уште од својата 18-годишна возраст. Во јануари 1995 година, заедно со тогашниот малолетен дечко Тадарил Шип и соучесничка, ја зеле 19-годишната колешка Колин Слемер и ја зеле во шума каде брутално ја мачеле и убиле. Мотивот бил морбиден – Пајк ја сметала жртвата за љубовна конкуренција.
Додека нејзиниот поранешен дечко доби доживотна робија, Пајк беше осудена на смрт. Сега, по драматичниот прекин на егзекуцијата, судската драма во САД добива сосема ново поглавје.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата