Љубителите на Водно од денеска (среда, 01.04) ќе можат да ја користат жичницата еден час повеќе.
Според новиот возен ред за месец април, објектот ќе биде отворен за посетители секој ден од 10:00 до 18:00 часот.
Од ЈСП Скопје појаснуваат дека термините за последните возења се следните:
-17:00 – 17:30 часот: Последно возење од почетната станица кон врвот.
-17:45 часот: Последно возење од врвот на Водно кон средно Водно.
Од претпријатието потсетуваат дека жичницата не работи секој понеделник, како и секој последен вторник во месецот, поради редовно техничко одржување.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата