logo
logo
logo

Божем не им се допаѓаше “грдото пајче“ а ПРОДАДЕНА Е ЦЕЛАТА СЕРИЈА НА ЕЛЕКТРИЧНИОТ ФЕРАРИ ЛУЧЕ

Vecer | 30.07.2026

Божем не им се допаѓаше “грдото пајче“ а ПРОДАДЕНА Е ЦЕЛАТА СЕРИЈА НА ЕЛЕКТРИЧНИОТ ФЕРАРИ ЛУЧЕ

Кога првиот електричен Ферари се промовираше социјалните мрежи се запалија со напади и омаловажување дека е тоа играчка - а не вистнски Ферари. Се доби впечатоок дека никому не се допаѓа а цената од над 550.000 евра му е и поголема од некои Ферари на бензин.

Но, по сите тролања дојде одговор од пазарот - целата годишна серија е распродадена! Компанијата официјално не ги објави деталите, но неофицијално бројката се движи околу 500 примероци.

Групацијата си постави долгорочна цел да продаде околу 2.500 примероци до 2030 година, односно по 600 годишно, цел што многу аналитичари ја сметаат за остварлива. Извршниот директор Benedetto Vigna изјави дека влегувањето на Ferrari во сегментот на електрични возила нема да ја наруши неговата оперативна маржа од 30%, која е највисока во индустријата.

И покрај првичните негативни реакции, извори блиски до компанијата велат дека интересот за Luce е особено силен во Кина, а позитивно бил примен и од страна на американските технолошки

претприемачи.

По претставувањето на Luce во мај годинава, поранешниот претседател на Ferrari – Luca di Montezemolo кажа дека моделот не треба да го носи легендарниот амблем, а акциите на групацијата на берзата во Милано изгубија повеќе од 8% во првата трговска сесија.

Контроверзијата беше проследена со ненадејното заминување на долгогодишниот главен маркетинг и комерцијален директор Enrico Galliera, иако компанијата тврдеше дека неговото заминување и замена со поранешен извршен директор на BMW биле планирани уште пред лансирањето на Luce.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk