Со приказни за животните, музички хепенинг и забава за најмладите денеска започна одбележувањето на стогодишнината од основањето на Зоолошката градина во Скопје, која е најстара на Балканот. Во овие сто години Скопје ЗОО имала подеми и падови, а денес во неа живеат 500 животни од сто вида, а меѓу најатрактивните се слоницата Данела, нилскиот коњ Буцо, морските лавови, лемури, тапаси, пингвини, автохтоната мечка и многу други.
Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓеорѓиевски изјави дека одбележувањето ќе трае во текот на целата година и најави процес на реконструкција на старите живеалишта на животните, како и кампања преку која и јавни личности ќе можат да се вклучат и да грижат за животните. На првиот ден од одбележувањето на стогодишнината на Скопје ЗОО, таму беше и Марјо Худемакер, од Европска асоцијација на зоолошки градини и аквариуми.
- Да го уредиме просторот што долги години беше запуштен. Во Зоолошката градина денеска е гостин господинот Марјо, кој е претставник на ЕАЗА, асоцијацијата од која за жал пред неколку години не изфрлија, и ќе дадеме се од себе за да ги подобриме впечатоците таму но и да видат дека ги менуваме работиуте за да се вратиме повторно во ЕАЗА со што би се вратила можноста за да обезбедиме нови видови на животни овде во Зоолошката градина- рече Ѓеорѓиевски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата