logo
logo
logo

ЕВРОПА НЕ СЕ ОТКАЖУВА - Часовникот ќе се поместува и во наредните години

Vecer | 27.08.2026

ЕВРОПА НЕ СЕ ОТКАЖУВА - Часовникот ќе се поместува и во наредните години

Европската комисија го објави официјалниот календар за почеток и крај на летното сметање на времето сè до 2031 година, потврдувајќи дека традиционалното поместување на стрелките на часовникот продолжува и во следните години.

Според важечките правила на Европската Унија, промената продолжува да се одвива двапати годишно, летното сметање започнува последната недела од март, а завршува последната недела од октомври. Иако Европскиот парламент уште во 2019 година изгласа нацрт-закон за укинување на оваа пракса, одлуката е ставена во застој бидејќи земјите-членки сè уште не можат да постигнат конечно согласување дали трајно да се задржи зимското или летното време.

Сепак, од Комисијата напоменуваат дека објавениот распоред е изготвен според моменталните регулативи, што значи дека доколку членките на ЕУ во меѓувреме постигнат договор, обврската за поместување на часовниците би можела да се укине и порано.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk