logo
logo
logo

ОВИЕ ЛЕКОВИ МОЖАТ ДА БИДАТ ФАТАЛНИ ВО ВРЕМЕ НА ВРУЌИНИТЕ, ако ги користите - внимавајте

Vecer | 16.08.2026

ОВИЕ ЛЕКОВИ МОЖАТ ДА БИДАТ ФАТАЛНИ ВО ВРЕМЕ НА ВРУЌИНИТЕ, ако ги користите - внимавајте

Поминуваме низ исклуќителен период на жешко време, високи температури, и со оглед на тоа што температурите не се намалуваат, милиони луѓе би можеле да бидат изложени на зголемен ризик од дехидрација и топлотен удар, а експертите предупредуваат и дека одредени лекови можат дополнително да ја зголемат чувствителноста на телото.

Имено, некои лекови што се издаваат на рецепт и без рецепт можат да ја зголемат чувствителноста на сонцето и да му го отежнат на телото регулирањето на температурата.

Со оглед на тоа што температурите не се намалуваат, милиони луѓе се изложени на зголемен ризик од дехидрација, топлотен удар и зголемена чувствителност на сончева светлина. Додека за повеќето временската прогноза значи уживање на отворено со ладен пијалок, високите температури не доаѓаат без здравствени предупредувања.

Здравствените службеници редовно ги потсетуваат сите што земаат одредени лекови што се издаваат на рецепт или без рецепт никогаш да не престанат да ги земаат сами, објавува LADBible.

„Некои најчесто користени лекови можат да влијаат на способноста на телото да остане хидрирано, да ја регулира температурата или да се заштити од изложување на сонце“, рече главниот службеник за безбедност во MHRA, д-р Алисон Кејв.

Според неа, луѓето што земаат одредени групи лекови треба да бидат особено внимателни за време на претстојните жештини. Механизмите со кои лековите го зголемуваат ризикот варираат: некои го стимулираат излачувањето на течности, други влијаат на делот од мозокот одговорен за терморегулација, додека трети ја намалуваат жедта или способноста за потење, клучен механизам за ладење на телото.

Меѓу најризичните лекови се диуретиците, познати и како „апчиња за мокрење“, кои често се препишуваат за да им помогнат на бубрезите да излачат вишок сол и вода како и за намалување на висок крвен притисок.

Иако го намалуваат крвниот притисок и им помагаат на луѓето со срцеви проблеми, зголеменото губење на течности ја прави дехидрацијата многу поверојатна, што е опасност на која телото е веќе изложено за време на топлотен бран. Слична претпазливост е потребна и со други лекови за намалување на крвниот притисок, како што се бета-блокаторите, кои можат да го забават срцето и да го отежнат протокот на крв да се прилагоди на високите температури.

Исто така, лековите што се користат за лекување на ментални состојби како што се депресија, анксиозност и психоза, како што се антидепресиви и антипсихотици (меѓу кои спаѓа и кај нас многу употребуваниот Диазепам), можат да доведат до тешкотии во регулирањето на телесната температура. Овие лекови влијаат на хипоталамусот во мозокот, центарот за терморегулација, што може да предизвика зголемено потење и дополнително да ја забрза дехидрацијата.

Во екстремни случаи, може да доведе до развој на топлотен удар. Често препишувани антидепресиви вклучуваат SSRI како што се сертралин, циталопрам и флуоксетин, додека ризични антипсихотици вклучуваат оланзапин, клозапин, кветиапин и рисперидон.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk