logo
logo
logo

Четири масла кои делуваат како природен ботокс за зрелата кожа – го затегнуваат, смируваат и хидрираат лицето

Vecer | 14.10.2026

Четири масла кои делуваат како природен ботокс за зрелата кожа – го затегнуваат, смируваат и хидрираат лицето

Советите дека сите масла тешки и ги зачепуваат порите е обичен мит, правилно избраното ладно цедено масло е вистински концентрат на витамини, антиоксиданси и драгоцени масни киселини неопходни за убава и здрава кожа. Овие масла ја обновуваат природната заштитна бариера на кожата создавајќи хидролипиден слој, штитат од губењето вода и ја подобруваат еластичноста на кожата.

Изборот на масло зависи од видот на проблемот што сакате да го решите.

Масло од семки од кактус-смоква (индијанска смоква) – природен ботокс во шишенце

Ова е едно од најдрагоцените масла на светот, а неговата делотворност може да се спореди во професионалниот третман. Благодарение на исклучително високата содржина на витамин Е – познат и како „витамин на младоста“ – делува како природен сојузник во борбата против стареењето. Ја подобрува густината и цврстината на кожата и е совршено за нежната зона околу очите и усните. И покрај неговата моќност, лесно е и брзо се впива.

Масло од семки од шипка – за намалување на хиперпигментација и врвен регенератор

Ако не ве мачат само брчките, туку имате и нерамномерен тен и оштетувања од сонцето, ова е совршениот избор за вас. Маслото од шипка е природен извор на витамини Ц и А, кои го поттикнуваат обновувањето на клетките, ги избледуваат темните дамки и ѝ го враќаат на кожата здравиот и блескав изглед. Редовната употреба може да направи чуда!

Арганово масло – течно злато од Мароко

Ова е класика што никогаш не разочарува. Ако вашата кожа е сува, затегната и ѝ недостасува живост, аргановото масло делува како смирувачка облога. Тоа интензивно ја храни, регенерира и штити кожата од штетните надворешни влијанија, како што се ветерот и студот. Ја подобрува еластичноста и ја прави кожата кадифено мека.

Масло од авокадо – спас за сувата кожа

Густото, богато и неверојатно хранливо маслото од авокадо е вистинска ризница на витамини (A, B, E, H, K, PP, F) што овозможува моментално олеснување за екстремно сувата, зрела кожа. Длабоко хидрира, измазнува и создава нежен заштитен слој.

Како да го користите маслото за да биде делотворно? Едноставни правила што треба да ги знаете

За целосно искористување на моќта на маслата, важно е да знаете како правилно да ги нанесувате.

Правило бр. 1: Секогаш нанесувајте масло на влажна кожа. Самото масло не е хидратантно - ја задржува влагата во епидермот. Затоа, секогаш нанесувајте го претходно навлажнета кожа со тоник, хидролат или обична вода.

Правило бр. 2: Помалку е повеќе. Доволни се 2 до 3 капки. Загрејте ги меѓу дланките, а потоа нежно масирајте или намачкајте ја кожата на лицето, вратот и деколтето.

Правило бр. 3: Маслото е последно. Нанесете го маслото како последен чекор во вечерната рутина за нега, после серумот и кремата. Ова ќе создаде оклузивен слој што ќе ги заклучи сите драгоцени состојки.

Правило бр. 4: Збогатете ја вашата крема. Можете да додадете капка од омиленото масло во дел од вашиот хидратантен крем за дополнително да го подобрите неговиот ефект, пишува Sensa.hr.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk