logo
logo
logo

Нептун Чаир ги отвора вратите на 17 август

Vecer | 15.08.2026

Нептун Чаир ги отвора вратите на 17 август

Современо купувачко искуство и широк избор на технологија на една локација.

Нептун Македонија на 17 август со почеток во 12:00 часот, свечено ќе го отвори продажниот салон Нептун Чаир, лоциран во Retail Park Point на Булевар Македонско-Косовска бригада бр. 67, Чаир, Скопје.

По повод свеченото отворање, од 17 до 19 август, потрошувачите ги очекуваат попусти до 50%, подароци и ексклузивни понуди, подготвени специјално за оваа пригода.

Продажниот простор е осмислен за лесно разгледување, споредување и тестирање на производите. На едно место ќе биде достапен широк избор на бела техника, апарати за домаќинство, ТВ и аудио опрема, компјутери и гејминг, телефони и паметни уреди, производи за ладење и греење, како и стручна поддршка при изборот.

Со Нептун Чаир сме уште поблиску до потрошувачите. Продолжуваме да инвестираме во современи продажни формати што нудат релевантен избор, стручна поддршка и подобро купувачко искуство“, истакнуваат од Нептун Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk